Црногорскиот парламент на денешната седница изгласа испраќање на црногорски војници во НАТО мисија за помош на Украина. За одлуката гласаа 44 пратеници, пет беа против, а двајца воздржани.
Одлуката ја поддржаа пратеници на Демократската партија на социјалистите (ДПС), на Движењето Европа сега (ПЕС), на Демократска Црна Гора, на Социјалдемократите, на Нова српска демократија, на Сојузот на граѓани ЦИВИС, на Албабнскиот форум, Партијата на Бошњаците и независни пратеници.
Против одлуката беа пратеници на Демократската народна партија (ДНС) и пратеникот на Обединета Црна Гора, а воздржано се изјаснија пратениците на Социјалистичката народна партија.
