Вести Македонија Топ вести

Земјоделците во незавидна позиција по стопирање на парите од ИПАРД

Од митото на директорот жртва земјоделците. Во незавидна позиција се и фирмите и физичките лица. Засега нема да ги добијат одобрените пари до ИПАРД програмата за развој на нивниот бизнис. Опрема од 970 илјади евра купила една фирма која ја контактираше Телма, а од ИПАРД до крајот на годинава требало да им бидат исплатени 582 илјади евра кои сега се доведени под прашање. Парите ги обезбедиле од кредит.  Во вредност од 120 илјади евра опрема нарачала друга фирма за која исто така земале кредит, а од ИПАРД требало да им се исплатат 60 илајди евра. Но, наместо да ги добијат ветените пари и да исплатат половина од долгот, сега двете фирми ќе треба да исплаќа повеќе пари и камати од планираното.

Александар Кржаловски од МЦМС вели дека своја истрага ќе спроведе европската агенција за третирање на случаи на злоупотреба на европски фондови ОЛАФ и доколку пронајде злоупотреби државата ќе треба да ги исплаќа корисниците или да враќа пари на ЕУ.  Не очекува корисниците кои не направиле злоуппотреби да бидат оштетени, но ќе мора да чекаат подолго на исплата на парите.

„Може да имаат штета од застојот, бидејќи ИПАРД функционира на чуден начин да мора се да платиш однапред, сам и пола пари да се секако твои и парцијално пола ги надоместува, откако се ќе направиш. Сега ќе има случаи каде што луѓето си ги завршиле работите, се задолжиле да платат сето тоа и сега ќе треба да ччекаат година, две додека се расчисти ова за да ги добијат своите 50 отсто од ИПАРД донацијата“, вели Кржаловски.

Околу 430 корисници на ИПАРД се на листата на одобрени проекти во вредност од околу 60 милиони евра. Прашање е колку од нив се исплатени со оглед на фактот дека дел од проектите завршуваат оваа година, а дел наредната. Последниот податок на агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството е од 31 април годинава дека биле исплатени околу 3 и пол милиони евра.

„Прво прашање што мора да го одговори итно власта е: Колку корисници веќе имаат потпишано договори и имаат вложено свои средства? Што ќе преземе владата за да ги заштити овие луѓе бидјеќи е јасно дека заради корупцијата на луѓето на Трипуновски и Мицкокси тие се оштетени? За на јавноста да и биде јасно, ваквите суспензии може да траат две до три години а прашање е дали воопшто ИПАРД програмата по ваков скандал ќе продолжи, “ изјави Богданка Кузевска, портпарол на СДСМ.

На прашање дали ЕУ ги блокира средствата од ИПАРД, Мицкоски одговори дека не се блокирани туку напротив, акцијата која се презема е поздравена како позитивна од нивна страна.  Мицкоски додаде дека тој побарал времен прекин на исплатите.

„Да, јас тоа го побарав затоа што мораме да видиме до каде одат злоупотребите, затоа што првичните информации велат дека не е тоа само од сега туку и наназад е правено. Така што, сè ќе истражиме и секој што мисли дека така ќе помине се лаже. Има да одговараат сите од прв до последен, кој сака нека е“, изјави Мицкоски по денешната посета на фабриката КОСТАЛ Македонија во ТИРЗ Охрид.

За индициите за други злоупотреби државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски одговори дека секоја предистрага е тајна, а предметот се водел неколку месеци не може сега да споделуваат детали, освен веќе познатите во јавноста.

ЕК пак побара дополнителни информации за случајот, одговори за Телма портпарол на комисијата.

„Свесни сме за ситуацијата и побаравме дополнителни информации од властите на Северна Македонија.Комисијата не може да даде дополнителни коментари во оваа фаза“, соопшти портпарл на ЕК за Телма. 

Истрагата досега покажа дека Џевдет Насуфи, поранешен министер за правда и локална самоуправа во владата на Љупчо Горѓиевски му ветил 50 илјади евра на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството, Илија Стоилев, а полицијата го фатила со првите 400 дадени на рака.

Марија Митевска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пратеничка кавга за платите во одбрана – две години не се зголемени, а и буџетот паѓа

Дејан Дејан

Црвени предупредувања за екстремна жештина ширум Западна Европа – метеоролозите велат ова ќе потрае

Дејан Дејан

За една година се издале 27 милиони рецепти што е зголемување за 8% – најмногу се трошат лекови за шеќер, желудник и за смирување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе