Наспроти податоците од Лекарската комора дека за една година во земјата 500 доктори не ги обновиле лиценците за работа, министерот за здравство, кој и самиот во интервјуто за РСЕ го кажа истото, денеска вели дека тоа се дезинформации.
Точната бројка на лекари кои ја напуштиле Македонија не е позната, бидејќи вчера за Телма од Лекарската комора рекоа дека лекарите немаат обврска да доставуваат податоци каде се наоѓаат кога поднесуваат барање за продолжување на лиценцата за работа во Македонија.
Т.Д.
