Дигитализација. Колку Македонија е подготвена да ја укине хартијата? Дали државата и приватниот сектор работат заедно или паралелно кога станува збор за дигитализирање? Дигитална економија предности и ризици? Дигитална писменост на граѓаните службениците администрацијата, што прави државата? Како државата ќе се постави кон вештачката интелигенција во јавниот сектор, колку и како се користи во приватниот и кај граѓаните?
Ова се само дел од прашањата на кои вечерва Огнен Чанчаревиќ дебатира со Орце Симов – АЕК, Синиша Наумоски – „Хајделберг факултет Скопје“, Мирослав Гроздановски – министерство за дигитална трансформација, Димитар Јаневски “Дигитал офис”.
- „Македонија има технички предуслови за да биде дигитална држава имаме прилично добра инфраструктура. Државата е добро покриена и со мобилен сигнал и интернет сигнал на фиксни точки. Околу 1.950.000 корисници на мобилна мрежа од кои 1.600.000 користат брз интернет преку мобилните мрежи. Имаме 550.000 корисници на интернет кои што користат фиксен интернет така што од аспект на мрежна инфраструктура ние сме подготвени Македонија да биде дигитална држава но, потребно да има податоци кои што ќе патуваат по тие патишта по таа мрежна инфраструктура. Тоа е исто како да имаме автопати а да немаме возила кои што ќе возат по тие автопати. Значи патишта за патување на податоци има. Ние треба да работиме на темата да создаваме корисни податоци кои што ќе патуваат по тие информациони патишта. Од тој аспект можеме да зборува за потреба од дигитална трансформација на државните институции и дигитална трансформација на приватниот сектор. Тоа ќе овозможи и државните институции и приватниот сектор своите услуги да ги даваат преку интернет, преку информациони системи и на тој начин да се генерираат податоци, битови и бајтови кои што ќе патуваат по тие патишта кои ние ги имаме и се одлучни“, вели Орце Симов – АЕК.
Според него постои ненефикасно трошење на ресурсите односно коефициентот на полезното дејство е мал и потребно да се направи државен дата систем.
