Вести Економија Најважни

Овошјето луксуз, кафето злато, инфлацијата повторно забрза, премиерот Мицкоски со надеж дека ќе попушти

Инфлацијата никако да се спушти под 4 отсто. По, благото намалување во септември, во октомври статистика измери нов скок. Па, така од извештајот може да се види дека минатиот месец во однос на истиот период лани инфлацијата е зголемена за 4, 5 проценти.

За една година од храната најмногу поскапело овошјето над 21 отсто, но пораснале цените и на другите производи, маслото, месото, лебот, млекото, сирењето , јајцата. Единствено се забележува поевтинување само кај зеленчукот. Голем скок од над 26 отсто има и кај кафето, чајот и какаото, но станува збор за берзански производи. Цените на мало пак пораснале за 2, 8 отсто.

Од ССМ велат дека е крајно време надлежните да разберат дека со оваа скапотија тешко се живее и дека треба да го зголемат платите.

-Мислам дека можевме да бидеме лидери во регионот со зголемување на плати, веројатно ќе бидеме на опашката, бидејќи сите најавија драстично зголемување и на минималната и на сите останати плати во регионот, изјави претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов

Очекуваат во најскоро време да има нов економско социјален совет на кој би се разговарало за платите и инфлацијата и дека нема долго да траат тие дискусии туку дека бргу ќе се делува.

Премиерот Мицкоски пак очекувал во октомври инфлацијата  да се движи помеѓу 4 и 4, 5 проценти. Во септември пак кажа дека во следниот период ќе паѓа. Но,и покрај ваквиот скок надежите на премиерот не спласнува. Се надева дека до крајот на годинава ќе попушти.

-Но, потоа очекувам пристојно намалување во ноември и декември така што просечната годишна ставка оваа година ќе заврши меѓу 3,5  и 4 проценти што е едно од најниските во Европа и во регионот и исто времено очекувам следната година инфлацијата да се движи меѓу 2, 5 и 3 проценти, изјави премиерот Христијан Мицкоски

Освен кај храната, цените се зголемиле и за рекреација, култура, за рестораните, хотелите, облеката, обувките, за здравствената заштита.

Пред два месеци премиерот зборуваше и дека се работи на мерки со кои би се делувало на високите цени. За што станува збор, дали и кога би стартувале се уште нема ништо за тоа.  Ја нема ниту владината кошничка која почна да се креира откако за онаа на ССМ беше соопштено дека во нејзе има спорни работи. Нема информација ниту за четирите кошнички кои исто така беа најавени.

Според, последните прогнози на НБРМ пак 2025 година ќе се заокружи со стапка на инфлација од 3, 9 отсто. Ова е далеку повисоко од владините проeкции дека ќе биде 2, 8 проценти.

Ирена Чачкова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Една шестина од населението во ЕУ се самци – извештај на Евростат

Sasko Dimovski

Доверба му изгласаа 58 пратеници, за смена се изјаснија 19 – Тошковски ја „преживеа“ и третата интерпелација во собранието

Sasko Dimovski

Дали Јанушев крие фирма во Бугарија – СДСМ бара истрага од Антикорупциска, од Владата велат се работи за инсинуации

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе