Вести Економија Македонија Најважни

Инфлацијата скокна на 4,5 отсто – спротивно на владините очекувања

Нов сериозен скок на инфлацијата во земјава. Според Статистикаво октомври годинава во однос на октомври лани е зголемена за 4,5 проценти, а цените на мало пораснале за 2,8 отсто. Од извештајот може да се види дека зголемување на цените има во речиси во секој сегмент.

Најголем скок за една година е забележан кај храната и безалкохолните пијалоци, кај рестораните и хотелите, кај услугите за рекреација и култура и кај алкохолните пијалоци и тутунот. Зголемување има и кај услугите за здравствена заштита.

За една година единствено поевтинил транспортот но и некои од трошоците за образование. На средината на септември премиерот Мицкоски се изјасни дека очекува во овие месеци да има намалување на инфлацијата.

Потенцира и дека паралелно се работи на мерки. Пред два дена пак премиерот излезе со бројки дека инфлацијата годинава ќе биде меѓу 3, 5 и 4 отсто откако Гувернерот Славевски кажа дека 2025 ќе се заврши со инфласија од 3,9 наспроти владините очекувања од 2,8 отсто.

Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Една шестина од населението во ЕУ се самци – извештај на Евростат

Sasko Dimovski

Доверба му изгласаа 58 пратеници, за смена се изјаснија 19 – Тошковски ја „преживеа“ и третата интерпелација во собранието

Sasko Dimovski

Дали Јанушев крие фирма во Бугарија – СДСМ бара истрага од Антикорупциска, од Владата велат се работи за инсинуации

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе