Вести Македонија Топ вести

Мерки на претпазливост за возачот кој го усмрти Јорго Ќука

Основниот кривичен суд Скопје соопшти дека е прифатен предлогот за определување мерки на претпазливост за осомничениот во случајот на тешка сообраќајна несреќа на булевар „Гоце Делчев“ кога управувајќи автомобил „фолксваген пасат” удрил во сега починатиот Јорго Ќука, кој на велосипед се движел по обележаниот пешачки премин.

Мерките на претпазливост за осомничениот, кој се товари за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, се одземање на македонска и српска патна исправа, одземање на возачка дозвола, забрана за напуштање на живеалиште и обврска да се јавува повремено кај надлежен државен орган.

Како што информира ОЈО, на 3 ноември, управувајќи автомобил „фолксваген пасат” по булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, тој не се придржувал кон прописите и го загрозил јавниот сообраќај. Автомобилот го управувал со неприлагодена брзина која не му овозможувала да запре навремено во случај на потреба или пречка.

„Пристигнувајќи на пешачки премин на крстосницата со улицата „Лазар Личеноски“ осомничениот 37-годишник со предниот дел на возилото удрил во велосипед, управуван од сега починатиот Јорго Ќука, кој се движел по обележаниот пешачки премин. Од ударот оштетениот се здобил со тешки телесни повреди и починал“, соопшти ОЈО.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Утре нов протест во Кочани – родителите на 63. загинати ја бараат вистината и правдата

Дејан Дејан

Андоновски: Со „Везилка“ уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор

Дејан Дејан

Максим Димитриевски за владината реконструкција: Сите опции се на маса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе