За следење на вториот круг од локалните избори во земјава акредитирани се вкупно 1.598 набљудувачи, од кои 933 домашни и 651 меѓународен, како и 14 странски новинари, соопшти Државната изборна комисија.Меѓу домашните организации, најголем број набљудувачи има Здружението за развој на општествено-социјални иновации „ВАКЕ УП“ – Скопје, со 685 претставници. Покрај нив, акредитирани се и други граѓански организации, меѓу кои МКЦ-Битола, ЦИВИЛ – Центар за слобода, Национален совет за родова рамноправност, Институт за економски стратегии и меѓународни односи – Охрид, Евротинк и други. Најмногу меѓународни набљудувачи има ОДИХР – Канцеларијата за демократски институции и човекови права, со 500 акредитирани лица, а изборите ќе ги следат и претставници од амбасадите на САД, Велика Британија, Франција, Холандија, Турција, Албанија, Косово, како и од Советот на Европа и Европскиот парламент. Изборниот процес ќе го покриваат и 14 странски новинари од медиуми од регионот и Европа.
За следење на вториот круг од локалните избори во земјава акредитирани се вкупно 1.598 набљудувачи
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
