Вести Свет Топ вести

Мирно и без инциденти мина комеморативниот собир во Нови Сад

Мирно и без инциденти помина денешниот комеморативен собир во Нови Сад на годишнината од загинувањето на 16 луѓе по падот на бетонска натстрешница на железничката станица. На собирот беа илјадници луѓе од цела Србија. Во текот на целиот ден, во сите протестни зони во Нови Сад владееше тишина, без слогани.

„Студентите во блокада“ по 16-минутната тишина и вечерва објавија дека комеморативниот собир е завршен и упатија порака – „Се гледаме утре и секој друг ден додека не се задоволи правдата“.

На денешен ден пред една година во Нови Сад загинаа 16 лица, а едно девојче беше тешко повредено, кога се урна натстрешницата на реновираната железничка станица. Една година подоцна, кривичната одговорност за тој настан сè уште не е утврдена.

Натстрешницата на железничката станица во Нови Сад се урна на 1 ноември 2024 година во 11:52 часот претпладне и притоа загинаа 14 лица, меѓу кои четири деца на возраст од шест до 17 години, додека три лица беа тешко повредени. Меѓу загинатите беше и еден Македонец.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во возило на кочаначенец најдени 1800 парчиња брендирана облека – шверцувал маички, дуксери, тренерки

Дејан Дејан

Почина македонскиот фолклорист Иван Котев

Дејан Дејан

Безбeден град и во Охрид, камерите снимаат но засега нема да се казнува

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе