Најголемиот затвор во земјава Идризово е едно гласачко место за сите 30 општини во кои има гласање во вториот круг за локалните избори. Денеска ден пред изборите се гласа и во останатите Kазнено-поправни институции низ целата земја и од ДИК известуваат дека секаде гласањето започнало на време. Во Идризово има 1.284 затвореници, но 122 се без право на глас, бидејќи се странци. Сепак, во втор можеа да гласаат само 620 затвореници, бидејќи останатите доаѓаат од општини каде нема втор круг.
Избирачкото место во Идризово е 2536 и од утрото гласачите се носеа по групи во зависност од тоа во кое одделение ја издржуваат казната. Според претседателката на избирачкиот одбор, утрото гласањето беше без проблеми.
И во штипскиот затвор гласањето започнало во 7 часот. Еден затвореник кој беше на издржување на казна затвор за инцидентите од 27 април 2017 година во собранието починал, па на списокот останале 103 гласачи. За смртта на Кире Ѓорѓиевски е известено и обвинителството.
Инаку денеска се гласа во сите 14 институции каде вкупно се регистрирани 1.256 гласачи затвореници или притвореници.
Билјана Николовска Тодорова
