Вести Македонија Топ вести

Уапсен е возачот што прегази 11-годишно девојче во Скопје и побегна од местото

Единици на интерветната полиција при СВР Скопје синоќа го лишиле од слобода возачот кој пред три дена удри во 11-годишнo дете на улицата „Перо Наков“ во Скопје и побегна од местото на настанот.

Девојчето беше пренесено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде лекарите констатираа тешки телесни повреди од ударот.

Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР), станува збор за 59-годишен скопјанец со иницијали Б.Р., кој бил приведен синоќа околу 19:30 часот, откако по преземените мерки и активности, полицијата го пронашла и него и возилото.

Скопјанецот се сомничи дека на 28 октомври, околу 20:30 часот, на улицата „Перо Наков“ со возило „фиат сеиченто“ удрил во 11-годишното дете, по што со возилото го напуштил местото на настанот.

„Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и возачот и возилото се пронајдени и Б.Р. по наредба на јавен обвинител е задржан во полициска станица“, се наведува во соопштението од МВР.

Оттаму додаваат дека по документирањето на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе од 50.000 луѓе се водат како исчезнати по двата разорни земјотреса во Венецуела

Sasko Dimovski

„Волстрит џурнал“: САД размислуваат за преместување на базите од Персискиот Залив, опција е Израел, сакаат да бидат надвор од дострел на иранските проектили

Sasko Dimovski

Во возило на кочаначенец најдени 1800 парчиња брендирана облека – шверцувал маички, дуксери, тренерки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе