Вести Македонија

Турбуленции во албанскиот блок партии пред вториот круг – Села негира дека комуницира со Меџити за да премине во власта

Турбуленции во албанскиот блок партии. Зијадин Села, кој го води едното крило на Алијанса за Албанците, демантира дека е во комуникација со претставници на власта, ги отфрла сите шпекулации дека ќе ја напушти коалицијата предводена од ДУИ и им порача – се гледаме во Собрание.

Оваа реакција на Села доаѓа откако од противничкиот табор Вреди не ја исклучија можноста, некои партии од НАИ да станат дел од власта.

Еден од лидерите на Вреди и новоизбран градоначалник на Чаир, Изет Меџити, во телевизиско гостување на ТВ 21 кажа дека очекува Националната алијанса за интеграција на ДУИ да се распадне и да има нови политички движења.

„Вистината е секогаш јасна и не е конфузна. Tаа е само една и не може да има две или повеќе вистини. А, оваа вистина звучи вака, Изет – ти не си во комуникација со мене, јас не сум дел од Владата, и не сум на страната на оние кои сакаат да ги поништат нашите права како народ. Ќе работиме заедно во парламентот со вас и со ВМРО. Како и секогаш, власта од едната страна, а јас од другата. Не еден до друг, туку лице в лице!“, напиша лидерот на едното крило на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, на социјалните мрежи. 

Изет Меџити, пак, тврди дека тие се во комуникација со Алијанса на Села, особено откако се формираа два блока помеѓу албанските партии.

„Комуницираме. Политичката сцена стана толку измешана, се случија многу турбуленции и мислам дека сè уште ќе има турбуленции“, кажа Изет Меџити, вицепремиер и еден од лидерите на Вреди. 

Меџити тврди дека НАИ ќе се распадне поради слабиот изборен резултат. ДУИ, пак, се прогласија себеси за победници на локалните избори – аргументирано со бројот на освоени советнички места и вкупниот број на освоени гласови.

Лидерот на ДУИ пред неколку дена порача дека партијата никогаш нема изгубено на избори, отфрлувајќи ја можноста да признае политички пораз и покрај тоа што не освоија градоначалничко место во Чаир и во Сарај, а нивниот кандидат во Тетово, Бајрам Реџепи, има негатива од 3.756 гласа зад противникот од Вреди, Биљал Касами, во првиот круг од локалните избори.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пониски придонеси, прекини во стажот и работа за странство – МАПАС ги објаснува причините за мали пензии по изјавата на гувернерот која ги вознемири граѓаните

Sasko Dimovski

Два активни и еден изгаснат пожар – гори во штипската населба Света Недела и во село Матејче

Sasko Dimovski

Барселона го постави знамето на виножитото за почеток на прославите на гордоста

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе