Вести Свет Топ вести

Тенкови „Леопард“, хаубици „Цезар“, камиони Татра, системи за заштита од дронови – Хрватска вложува 1,945 милијарди евра во вооружување

Парламентарниот Одбор за одбрана на затворена седница ги одобри барањата за набавка во областа на опремување и модернизација за потребите на Вооружените сили на Хрватска, јави ХРТ.

Станува збор за четири големи набавки – систем за противдронска заштита, 420 теренски камиони, 18 самоодни хаубици и 44 тенкови „Леопард“. Вкупната вредност на набавките, што ќе бидат покренати до крајот на оваа година, изнесува 1,945 милијарди евра.

Сè освен системот за противдронска заштита ќе се финансира од заеми од европскиот финансиски инструмент SAFE. Последната испорака се очекува до 2030 година.

Потпретседателот на Владата и министер за одбрана Иван Анушиќ рече дека со ова се надминуваат два отсто од БДП издвојувања за одбраната.

„Со набавките и со ова потпишување на договорите и со овој почеток на набавката се креваме на многу повеќе од 2 отсто и продолжуваме да ги развиваме целите на способностите врз основа на нашиот детален план за развој и стратегија и врз основа на нашата обврска што ја дадовме во рамките на НАТО“, рече Анушиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два активни и еден изгаснат пожар – гори во штипската населба Света Недела и во село Матејче

Sasko Dimovski

Барселона го постави знамето на виножитото за почеток на прославите на гордоста

Дејан Дејан

Од среда до крајот на август забрана за движење во шуми – глобите за непочитување од 1.500 до 2.000 евра

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе