Вести Локални избори 2025 Македонија Најважни

Телма со демант до Апасиев: Мециновиќ беше поканет на интервју

Во интерес на вистината би сакале да потенцираме дека Телевизија Телма има еднаков, доследен и професионален однос кон сите кандидати на локалните избори. Оваа наша реакција доаѓа по вечерашната објава на личниот ФБ профил на лидерот на Левица Димитар Апасиев. Тој ја обвини Телма дека не му дозволила на кандидатот за градоначалник Амар Мециновиќ да се појави на интервју на Телма, откако против кандидатот Орце Ѓорѓиевски ја одби поканата за дебата.

Вистината е сосема поинаква. По одбивањето на дебатата од Ѓорѓиевски, уредниците на Телма зборуваа со Мециновиќ, при што му беше понудено да дојде на интервју, истиот ден за кога беше закажана дебатата, по истиот принцип на кој гостуваа и други кандидати. Мециновиќ културно се заблагодари на нашиот професионален однос, но не ја прифати поканата.

Што се однесува до дебатата што планиравме да се одржи на ТВ Телма, потенцираме дека ние  не најавивме дебата, затоа што до последен момент чекавме потврда од двајцата кандидати. Поканата веднаш ја прифати Мециновиќ, а Ѓорѓиевски во текот на вчерашниот ден испрати известување дека нема да гостува.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два силни земјотреси со јачина од 7.5 и 7.2 степени ја погодија Венецуела

Дејан Дејан

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе