Рускиот нафтен гигант Лукоил ја прифатил понудата на компанијата Гунвор за продажба на својата странска подружница Лукоил Интернешнл, која управува со сите странски средства на компанијата.Оваа продажба следува по воведувањето санкции од САД минатата недела поради војната во Украина и претставува една од најзначајните акции на руска фирма под западни санкции.
Според аналитичарите, Лукоил би можел да изгуби околу 30% од приходите, бидејќи ќе мора да се откаже од три рафинерии и половина од околу 5.000 бензински пумпи во странство. Покрај финансиските загуби, компанијата се соочува со ограничен пристап до транспорт, технолошка опрема и услуги поради санкциите.
Експертите предупредуваат дека продажбата на странските објекти може да го намали глобалното влијание на Лукоил и другите руски енергетски компании, отворајќи простор за конкуренција од Блискиот Исток и Азија на светскиот пазар на нафта.
Иако официјално се тврди дека санкциите нема да ја загрозат енергетската стабилност на Русија, ефектите врз приходите и глобалниот пазар се значајни.
Т.Д.
