Вести Економија Најважни

Минатата година 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз

65.5 % од вкупната потребна енергија во Македонија минатата година  е обезбедена од увоз, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Вкупната потребна енергија во 2024 година изнесувала 2 541 849 тони нафтени еквиваленти (toe). Во структурата на оваа потрошувачка, најголемо учество имаат нафтените продукти со 44.7 % и цврстите горива со 24.9 %.

Во 2024 година, бруто-примарното производство изнесувало 842 142 toe, што претставува намалување од 10.6 % во споредба со 2023 година. Најголемо намалување е забележано кај лигнитот, со пад од 20.9 % и хидроенергијата од 15.8 %, додека најзначително зголемување од 140.0 % е евидентирано кај соларната електрична енергија.

Финалната енергетска потрошувачка во 2024 година изнесувала 1 859 697 toe, по сектори: сообраќај – 47.6 %, домаќинства – 26.1 %, индустрија – 16.9 %, останати сектори – 8.4 %.

Учеството на обновливата електрична енергија во бруто-производството на електрична енергија изнесува 39.4 %, а во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија изнесува 35.4 %. Потрошувачката на електрична енергија во домаќинствата изнесува 1 727 KWh по жител на годишно ниво.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Трпеноски: Ситуацијата во Македонија е како трчање на лента, можете да истрчате 10-15 километри, aма трчате во место

Sasko Dimovski

Меѓуетничките односи се сериозно нарушени, допрва ќе стигне фактурата – оцена на Селими за две години од промената на власта

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе