Вести Економија

ИЕФФА: Изградбата на терминали за ЛНГ во Европа губи замав

Изградбата на терминали за увоз на течен природен гас (ЛНГ) во Европа губи замав, што укажува дека земјите низ континентот ја прецениле идната побарувачка за гас, соопшти денеска глобалниот независен Институт за економија на енергетиката и финансиски анализи (ИЕЕФА).

Забавувањето на изградбата на терминали за ЛНГ во Европа доаѓа во момент кога Институтот очекува пад на потрошувачката на гас за 15 проценти и увозот на ЛНГ на континентот за 20 отсто меѓу 2025 и 2030 година.

„Додека се оддалечува од увозот на руски гас преку цевководи, Европа инсталираше или прошири 19 ЛНГ терминали од почетокот на 2022 година. Сепак, низа неодамнешни откажувања и затворања на терминали укажуваат дека европските земји ја прецениле побарувачката на ЛНГ на континентот“, рече главната аналитичарка на Институтот, Ана Марија Јалер-Макаревич.

Таа додаде дека европските земји кои продолжуваат да градат или прошируваат терминали ризикуваат инвестиции во непотребна инфраструктура, бидејќи енергетската транзиција се забрзува. Институтот наведува дека Европа оваа година ја зголемила зависноста од увозот на ЛНГ откако на 1 јануари беше запрен приливот преку рускиот гасовод преку Украина.

Поради растот на побарувачката, европскиот увоз на ЛНГ е зголемен за 24 отсто во првите шест месеци во однос на првата половина на 2024 година, а водечки испорачувач биле САД.

Европскиот увоз на руски ЛНГ е зголемен за 2 отсто во првата половина на годината, што значи дека достигнал рекорд за шест месеци, соопшти Институтот. Во однос на ЕУ, во првите шест месеци нејзиниот увоз на руски ЛНГ пораснал за 7 проценти во однос на истиот период една година претходно, наведе Институтот.

Се додава дека од почетокот на 2022 година до јуни 2025 година, земјите членки на ЕУ потрошиле околу 120 милијарди евра на увоз на руски гас од цевководи и ЛНГ.

Фото: printscreen/youtube

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Арсовски: Македонија е во релативно статична ситуција по две години од промена на власта, премиерот и владата го игнорираат Преспанскиот договор како што и рекоа

Sasko Dimovski

Србија го екстрадира Саит Саитов кој во јануари усмрти жена во скопски Капиштец и избега од местото на настанот и од државата

Sasko Dimovski

Ти благодарам што истресе се од тебе – Тошковски кон Апасиев кој му ги посочи валканите партиски полицајци на расправата за неуспешната интерпелација

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе