Вести Економија Македонија

Гувернерот Славевски оптимистички смета дека инфлацијата ќе падне под 4 отсто

Гувернерот Славевски не очекува санкциите кон Русија да донесат нов ценовен шок. По благиот скок смета дека ќе има стабилизација. Инфлацијата која се уште е висока се надева дека до крајот на годинава ќе се намали. Иако ММФ прогнозира да остане 4 oтсто, Славевски очекува минимално да падне под оваа бројка.

„Добро е да видиме тројка. Тоа ќе влијае психолошки затоа што таргетот за наредната година е инфлацијата да се симне на три дури и по 3% во оние граници во коишто имавме инфлација пред пандемијата, а во рамките на инфлацијата во Европската Унија“, изјави Трајко Славевски, гувернер на Народна банка.

По одлуката за забраната за транзит на руски гас од ЕУ до трети земји, САД воведе санкции за руската нафта. Дел од домашните експерти се загрижени и предупредија дека е можна нова ценовна криза можеби не во големи размери, но сметаат дека поместување на цените ќе има.

Премиерот пак уверува дека тоа нема да се случи. Дел од стопанствениците пак се надеваат дека недостатокот од одредени добра ќе се надомести. Гувернерот Славевски говореше и за влезот на земјава во Сепа, преку којашто ќе се овозможат намалени трошоци за прекугранични трансфери.

Одредени држави кои се веќе подолго време дел од СЕПА успеале да заштедат и до 40 милиони евра од цените на прекуграничните трансакции кај дијаспората, таков е случајот со Молдавија.

„На долг рок, ова е статичко гледање на работите, очекуваме многу повеќе да се користат официјалните канали за трансфер на средства на пари, за разлика да речеме од она што го имаме во моментот. и заштедите да бидат уште поголеми“, рече Славевски.

„За Македонија, Албанија, Црна Гора и Молдавија влезот во СЕПА е навистина голем чекор во смисла на интеграцијата во европско-финансиската инфраструктура. и всушност тоа е чекор на забрзување кон влез во ЕУ, односно за целосна интеграција на државите во единствениот пазар на ЕУ и тоа значајно порано од членството во Европската Унија. Ова е првпат ЕУ да дозволи интеграција во финансиските структури на земји кои не се членки“ изјави Ирена Радовиќ, гувернер на Централна банка на Црна Гора. 

На конференцијата за Сепа присуствуваа гувернери од централните банки во регионот, банкарскиот сектор и нефинансиски институции.

Ирена Чачкова

Дигитална обработка: Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Трпеноски: Ситуацијата во Македонија е како трчање на лента, можете да истрчате 10-15 километри, aма трчате во место

Sasko Dimovski

Меѓуетничките односи се сериозно нарушени, допрва ќе стигне фактурата – оцена на Селими за две години од промената на власта

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе