Вести Македонија

Oтпуштен инспектор потпишал отказ, па пукал во полициска станица во април пред колегите полицајци- МВР денес му поднесе пријава

Во април оваа година се случил инцидент во струмичката полициска станица кога отпуштен инспектор го извадил пиштолот и истрелал куршум во канцеларија полна со полицајци.

-А.Б… во присуство на повеќе полициски службеници, откако го примил и потпишал решението за отстранување од работното место, по издадена наредба од страна на началникот да го предаде службеното лично вооружување, од бирото го извадил службениот пиштол, извршил репетирање, при што испукал еден куршум во правец на вратата на металниот сеф кој се наоѓал во просторијата, со што предизвикал значителна опасност за животот и телото на присутните, соопшти МВР денеска и му поднесе кривична пријава.

Инспекторот е осомничен за сторено кривично дело ,,предизвикување општа опасност“, предвидено и казниво по член 288 став 3, а во врска со став 1 од Кривичниот законик. За тоа дело, е предвидена затворска казна од 1 до 5 години. Пријавата е доставена до специјализираното одделение во ОЈОГОКК.

Во продолжение, целото соопштение на МВР:

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава против А.Б., на работно место „самостоен инспектор“ во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,предизвикување општа опасност“, предвидено и казниво по член 288 став 3, а во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Пријавениот, на 30.04.2025 околу 10:25 часот, додека бил на работа во службена просторија, лоцирана во кругот на Секторот за внатрешни работи Струмица, во присуство на повеќе полициски службеници, откако го примил и потпишал решението за отстранување од работното место, по издадена наредба од страна на началникот да го предаде службеното лично вооружување, од бирото го извадил службениот пиштол, извршил репетирање, при што испукал еден куршум во правец на вратата на металниот сеф кој се наоѓал во просторијата, со што предизвикал значителна опасност за животот и телото на присутните.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против пријавениот ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителни мерки отстранување од работното место до завршување на постапката за утврдување на дисциплинска одговорност – суспензија, одземање на службеното оружје и муницијата и упатување на задолжителен психијатриски и психолошки преглед.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Барањето на Македонија за гаранции за влез во ЕУ е невозможно, став на Мојсовска во Топ Тема

Дејан Дејан

Протестен марш на ДУИ против укинувањето на одлуката за преименување на десетина улици од 2007-ма година

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе