Израел ја укина вонредна состојба на југот на земјата што беше воведена по нападот на Хамас на 7 октомври во 2023 година. Одлуката на министерот за одбрана, Израел Кац ќе стапи на сила утре изутрина.
„Одлучив да ја прифатам препораката на израелската војска и ја укинам вонредната состојба на домашниот фронт. Таа одлука ја одразува новата безбедносна реалност на југот на земјата која е постигната благодарение на силните и одлучни акции на нашите херојски трупи против терористичката организација Хамас во измиантите две години“, изјави Кац.
Вонредната состојба беше воведена за цел Израел, но остана на сила само на јужната територија, поточно во околина на Појасот Газа.
