Вести Свет

Украинските сојузници со план да ги отстранат руската нафта и гас од глобалниот пазар

Ќе го задушиме финансирањето на руската воена машинерија, најавија на самитот во Лондон, 20-тината држави од коалицијата која ја поддржува Украина во борбата против руската агресија.

Главна цел на украинските сојузници е да се прекине продажбата на руските нафта и гас на глобалните пазари. Во Лондон, сојузниците ветиле и зајакнување на украинската против-воздушна одбрана, во обид да се оневозможи обидот на Русија повторно да ја остави Украина без греење и струја пред доаѓањето на зимата.

 Повеќе од 20 држави кои ја поддржуваат Украина во таканаречената „коалиција на подготвените“ ветија дека ќе ги „отстранат руската нафта и гас од глобалниот пазар“, како дел од напорите за зголемување на притисокот врз претседателот Владимир Путин за завршување на војната.

„Ќе го прекинеме финансирањето на руската воена машинерија“, изјави британскиот премиер Сер Кир Стармер, кој беше домаќин на самитот кој се одржа во Лондон.

Обединетото Кралство и САД неодамна воведоа санкции против двете најголеми руски нафтени компании, додека ЕУ го таргетираше рускиот извоз на течен природен гас.

„Прво, ќе преземеме чекори за да ги отстраниме руските нафта и гас од глобалниот пазар. Минатата недела, Обединетото Кралство беше првата земја која ги санкционираше сите руски нафтени главни компании. Во среда, САД дејствуваа одлучно за да ни се придружат, заедно со дополнителни санкции од ЕУ и ние сме фокусирани да го задушиме финансирањето на руската воена машина“ – изјави британскиот премиер, Кир Стармер.

Тоа што Зеленски можеби најмногу сака да го добие се проектилите со долг досег со кој би можел да ги напаѓа руските нафтени рафинерии и магацините со оружје, но засега тоа барање се уште не добива поддршка меѓу сојузниците.

Трамп не го одобри барањето на украинците за доставување на проектилите Томахавк, додека европските сојузници иако се поотворени за оваа можност, не сакаат таа одлука да ја донесат без американска поддршка.

Во Лондон се разговарало и за начините на кои може дополнително да се спречи функционирањето на ткн руска сенишна флота, односно мрежата на, во најголем дел, постари танкери за нафта со прикриени сопственички структури, која Москва ја користеше за заобиколување на санкциите.

„Мора да го имплементираме тоа што го разговаравме денеска за руската сенишна флота. Покрај тоа, ние спроведуваме сопствена кампања за притисок со дронови и проектили, конкретно таргетирајќи го рускиот нафтен сектор. И капацитетите со долг досег директно ќе ја засилат дипломатијата. Колку повеќе загуби Путин ќе има на својата територија, толку помалку напади ќе може да спроведе на линијата на фронтот“ – рече Зеленски.

Во Лондон, „коалицијата на подготвените“ исто така вети дека ќе ја зајакне Украинската против-воздушна одбрана“ против руските воздушни напади против украинските цивили и енергетската инфраструктура.

Зеленски предупреди дека Русија секоја година сака да ја направи зимата воено оружје и да ја скрши волјата на Украинците.

Не се соопштуваат премногу детали за тоа што било точно договорено во Лондон, за конкретната помош која ќе ја добие Украина, во обид тие информации да не стигнат и до Москва.

Властите во Киев и западните сојузници, го поддржаа и предлогот на Трамп за замрзнување на борбите по должината на долгата линија на фронтот, како предуслов за почнување на преговорите.

Русија ја отфрли оваа идеја, повторувајќи ги барањата кои за Украина значат де факто капитулација.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Барањето на Македонија за гаранции за влез во ЕУ е невозможно, став на Мојсовска во Топ Тема

Дејан Дејан

Протестен марш на ДУИ против укинувањето на одлуката за преименување на десетина улици од 2007-ма година

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе