Најмалку четири лица се убиени а 16 повредени во руските напади врз Украина во текот на минатата ноќ.
Во главниот град на државата, Киев, две лица се убиени а уште 9 повредени во напад со балистички проектил и дронови во раните утрински часови.
Истовремено, во регионот Днепропетровск, две лица се убиени а седум повредени во нападите во кои биле уништени станбени згради, куќи и продавници.
Украинските воздушни сили соопштија дека Русија лансирала 9 проектили и 62 дронови, од кои противвоздушната одбрана соборила и уништила четири проектили и 5 дронови.
Истовремено и руското министерство за одбрана потврди дека нивните противвоздушни сили собориле 121 украински дронови во текот на минатата ноќ.
Нападите доаѓаат откако украинскиот лидер, Володимир Зеленски ги повика САД да ги прошират санкциите против руската нафта од две компании на целиот сектор и повторно апелираше за помош во проектили со долг досег за да може да напаѓа цели во Русија.
Зеленски во Лондон за овие прашања разговараше со повеќе од 20-тина европски лидери на состанокот организиран од британскиот премиер, Кир Стармер, за најдобриот начин да се зголеми притисокот врз шефот на руската држава, Владимир Путин.
