Вести Економија Топ вести

Нема да останеме без гас, ќе има решение на европско ниво – Македонија со надеж пред новите санкции, Србија вклучи аларм

Иако, според информациите од Номагас, најголем дел од гасот кој влегува во земјава е руски, министерката за енергетика Божиновска тврди дека одлуката на Европската Унија за забрана за транзит на руски гас низ ЕУ и до трети земји не треба да нè загрижува. Мерката треба да стапи на сила од 1 јануари. Но, Божиновска тврди – решение ќе се бара на ниво на ЕУ и не очекува земјава да извиси и да остане без гас.

„Значи ќе има решение на ниво на Европска унија. Секако дека нема да нè остави некој без гас, тоа не е опција. Затоа што тоа е за сите и за Европа и за сите држави и не никако да нè загрижува. И ние сме многу мали во однос на сите тоа што го трошат“, изјави министерката за енергетика, Сања Божиновска

Од Номагас, пак, претпријатието кое врши пренос на гас во земјава, велат дека само мал дел од овој енергенс не е од Русија. Од информациите кои ги добиваат од трговците, голем дел од количините се токму руски гас кои се внесува преку Бугарија, земја која е членка на ЕУ.

Според новите правила, купувачите од ЕУ нема да можат да потпишуваат нови договори за увоз на руски гас по 1 јануари, а сите постоечки ќе мора да бидат раскинати најдоцна до крајот на 2027 година. Но, дотогаш Божиновска се надева дека ќе биде готов интерконекторот со Грција преку кој би требало да се обезбедат поголеми количини носи гас и од Азербејџан.

„А што се однесува за втората од први јануари 2027 година, но тука ние веќе работиме на гасоводот со Грција тогаш би требало да е готов и мислам дека нема да има проблем затоа што тоа ќе се решава на европско ниво“, додаде Божиновска.

Од друга страна тука е Александропулос преку кој може да се обезбедува и течен гас. Но, централата извесен период не работеше. Сега, според последните информации, е во функција. Токму влегувањето во овој проект и изградбата на гасното поврзување со Грција се прават за да се обезбеди енергенсот од повеќе извори.

Но, со одлуката на ЕУ за забрана за транзит на руски гас се затвора една врата. Па, од тука се отвораат прашањата дали со ова се стеснува конкуренцијата и дали може да дојде до зголемување на цената на гасот со ваквата мерка.

Гасот кај нас е важен затоа што се употребува и за централното градско греење. Доста добар дел од топлинската енергија ја покрива комбинираната централа ТЕТО.

Од друга страна, пак, во Србија српската министерка за енергетика изрази сериозна загриженост поради ваквата одлуката на Европската Унија и додаде дека ситуацијата е речиси безизлезна.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Трпеноски: Ситуацијата во Македонија е како трчање на лента, можете да истрчате 10-15 километри, aма трчате во место

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе