Вести Македонија Топ вести

Над 900 лица под пробација, а еден затвореник нè чини околу 1.000 евра

Пробацијата и условниот отпуст освен како решение за пренатрупаноста на затворите која е проблем со години, игра и важна улога во ресоцијализацијата на сторителите на кривични дела. Еден осуденик државата месечно ја чини 1000 евра. Има 430 осудени лица со А третман и околу 330 кои имаат Б2 третман, а најголем дел од нив може да бидат на условен отпуст со препорака на секторот за ресоцијализација и директорите на затворите, смета директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов.

„Во Македонија пробацијата постои 6 години. Она живее, меѓутоа има многу поголем капацитет и многу подолги треба да бидат тие условни отпусти“, вели Пандов.

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камовски порачува дека недостасува инстиутционална соработка и доверба, а несомнено е дека во Управата за извршување на санкции има стручни лица кои може да направат проценка кој сторител на кривични дела треба да биде на условен отпуст.

„Казната само по себе не дава никакви резултати. Тоа мора да биде проследно со рехабилитација, со ресоцијализација, се со цел тоа лице да не ни доаѓа повторно во судир со законот и условниот отпуст не значи некаква милост или добра волја на судот и управата. Тоа е законска можност која им следува на осудените лица и која што ние како држава сме должни да им ја овозможиме и да им ја дадеме таа шанса на тие што го заслужуваат тоа“, посочува Камовски.  

Камбовски додава дека кај судиите има волја за изрекување на вакви мерки. А пробацијата и условниот отпуст се и препорака на Советот на Европа.

„Тоа се препораките на Советот на Европа изрекување на вонинституционални казни наместо казната затвор. Ние како академија сме тука присутни да им дадеме поддршка на судовите кои ги работата овие алтернативни мерки и санкции и секако во процесот на едукација“, додава Трајковска Стрезовска.

Во организацијата на Академјата на судии и јавни обвинители беше организиран работен состанок со претставници од сите судови во државата, како и вработени во Управата за извршување на санкции за придобивката од изрекувањето на овие алтернативни мерки. Над 900 луѓе во моментов се на пробација.

Марија Митевска

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во возило на кочаначенец најдени 1800 парчиња брендирана облека – шверцувал маички, дуксери, тренерки

Дејан Дејан

Почина македонскиот фолклорист Иван Котев

Дејан Дејан

Безбeден град и во Охрид, камерите снимаат но засега нема да се казнува

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе