Вкупно 1.451 набљудувач кои ги акредитираше Државната изборна комисија ќе ги следат осмите локални избори во Македонија. Од нив, 807 се домашни, а 644 се меѓународни набљудувачи. Покрај нив, изборниот процес ќе го следат и 12 странски новинари.
Најголем број домашни набљудувачи – 549 – доаѓаат од здружението „Вејк Ап“ од Скопје. Изборите ги следат и набљудувачи од ЦИВИЛ, МКЦ-Битола, Ромалитико, Евротинк, Институтот Охрид и други организации.
Меѓу меѓународните организации, најмногу набљудувачи акредитирала ОДИХР – 524, а следуваат Амбасадата на САД со 30, Европскиот парламент со 12 и Британската амбасада со 11.
Акредитирани се и претставници од изборни тела на Хрватска, Унгарија и Грузија. Утрово претставници од набљудувачката мисија на ОБСЕ имаше во о.у. Лирија во Општина Чаир каде ги најавија своите планирани активности.
Т.Д.
