Вести Македонија Топ вести

Затворениците поделени, дел не веруваат во ветувањата од изборната кампања, а други очекуваат промени кон подобро

Во денот за изборен молк гласаат затворениците и притворениците во македонските затвори. Телма го посети избирачкото место 2536 во затворот Идризово.Затворениците поделени. Едни очекуваат промени за подобар живот, а други не веруваат на ветувањата на кандидатите за градоначалници, искажани во изборната кампања.

Од новите градоначалници, искрено не очекувам нешто многу бидејќи за тоа се потребни огромни финансиски средства. А, за реализација на тие финансиски средства треба да има извори. Проблемите на Град Скопје ги познавам: Сообраќајот, загадувањето, ѓубрето на Град Скопје. Меѓутоа и за тоа да речеме , за ѓубрето се потребни нови камиони. За градскиот сообраќај потребни се нови автобуси, еколошки. А, за тоа се потребни финансиски средства и мора да има извори на финансиски средства за покривање на таквото купување на автобуси, ни изјави еден затвореник во КПД Идризово.

Од избирачкиот одбор во затворот Идризово рекоа дека гласачкото место било отворено без проблеми во 7 часот, откако претходно го добиле гласачкиот материјал. Од 1281 затвореник овде, 1120 се со право на глас, а од нив до 10 часот гласале околу 12% .

Се гласа и во Штипскиот затвор, каде се сместени 221 затвореник со право на глас, донесени од 42 општини и од главниот град. И таму гласањето започнало на време и без проблеми, велат од избирачкиот одбор.

(изјава: Жаклина Парчаклиева- член на избирачки одбор на избирачко место во Штипски затвор)

  • Нашето гласачко место беше отворено точно во 7 часот. Вкупно гласачи на список имаме 221 и до сега гласањето се одвива нормално, без никакви проблеми. Сѐ е во најдобар ред. За Скопје се гласа и за градоначалник и за советници.

Според податоци на ДИК, на ниво на цела држава 2162 гласачи на 8 локални избори се на издржување казна затвор или притвор.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Потврден случај на „Денга треска“ кај 42-годишен маж од Бангладеш

Дејан Дејан

Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ со анализа за земјотресот во Венецуела – Земјотресите не можат да се предвидат, но последиците можат да се намалат

Дејан Дејан

СДСМ: Две години Тошковски на чело на МВР – Распад на безбедносниот систем, партизација и заштита на криминалци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе