Вести Македонија Топ вести

Бездомните кучиња не се ветеринарен туку социјален проблем

Низ скопските маала, речиси секој има некоја слична приказна. Граѓаните велат дека проблемот со бездомните кучиња може да се реши ако се згрижат во ЈП Лајка.

„Моја другарка пред зграда ја нападнаа неколку кучиња. Таа и ден денес се уште има трауми од кучиња. Мене кога ќе ми текне на таа ситуација се плашам и мене да не ми се случи такво нешто. Сега баш имав момент кога неколку кучиња излегоа пред мене, па некако собрав храброст им викнав и тие избегаа“, изјави една скопјанка пред камерата на ТВ Телма.

„Има многу бездомни кучиња. Јас живеам во Тафталиџе и таму има многу. Мислам дека тие треба да бидат згрижени во ЈП „Лајка“, ни изјави еден жител.

„Јас лично имам проблем со бездомни кучиња, а особено во зима кога тие се многу гладни. Евентуално треба да има повеќе места за нивно згрижување“, смета друг жител.

Од ЈП Лајка објаснуваат дека проблемот со бездомните кучиња не е само ветеринарен, туку социјален. Директорката Радмила Пешева вели дека решението не е само во згрижувањето, туку во превенцијата и одговорното однесување на луѓето.

„Ние покажавме дека може да работиме со многу ограничени ресурси. Но, сепак за подобро функционирање потребна е институционална поддршка. Згрижување на сите бездомни кучиња никогаш не било идеја. Тоа не може да се спроведе бидејќи во Град Скопје има огромен број на улични кучиња. Луѓето не треба да ги фрлаат кучињата и да создаваат нелегални легла. Друго што е многу корисно е масовна кастрација и стерилизација на оние кои веќе се на улица да не создаваат дополнителни легла. Затоа што степенот на размножување е навистина голем. Од една улична кучка за неколку години може да има 200 кучиња“, објаснува Радмила Пешева, в.д. директор на ЈП „Лајка“.        

Додека институциите се обидуваат да најдат решение, граѓаните на најразлични начини интервенираат, хранејќи ги, згрижувајќи ги или со пријавување насилство врз нив.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Потврден случај на „Денга треска“ кај 42-годишен маж од Бангладеш

Дејан Дејан

Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ со анализа за земјотресот во Венецуела – Земјотресите не можат да се предвидат, но последиците можат да се намалат

Дејан Дејан

СДСМ: Две години Тошковски на чело на МВР – Распад на безбедносниот систем, партизација и заштита на криминалци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе