Вести Македонија Топ вести

Се чувствувам далеку посигурен кога се движам низ Грац, отколку во Скопје, вели за Телма Блаже Зафиров лице со оштетен вид

„На пример овде во Грац секој возач на автобус застанува, доаѓа до вратата и ми најавува кој број стои пред мене. Тоа е гест кој не значи ништо, а значи безбедност за мене“, вели Блаже Зафиров.

Вака изгледа секојдневието на Блаже Зафиров, студент на Техничкиот универзитет во Грац, кој таму живее и воедно работи веќе две години како системски администратор на Институтот за психологија во Грац.

Во училиштето за слепи  „Димитар Влахов“ во Скопје ја совладал основата за користење на белиот стап која што се покажала како клучна за се она што го направил понатаму, но во Австрија на факултетот добил дополнителни курс за ориентација и мобилност .

  • Парадоксално е што се чувствувам далеку посигурен кога се движам низ Грац, отколку во Скопје. Причината за ова не е моето знаење или обуката, туку инфраструктурата. Она што го научив овде е дека не се работи само за поставување на патеки, туку за паметно планирање на инфраструктурата. Звучни семафори на сите големи крстосници, тактилно обележени пешачки премини и стратешко обележување на клучни места. Ова вклучува влезови на институции, банка пошта продавници,  и можеби најважно од се автобуски и трамвајски станици. Можеби Скопје не може да стане Виена за две години, но има работи кои не зависат од пари, туку од волја, вели Зафиров.

Дополнителен проблем според Зафиров е што во Македонија белиот стап не е достапен, не може да се купи во соодветни димензии со добар квалитет, додека во Австрија државата тоа го финансира и тоа не само за своите граѓани, туку и за странските студенти.

За мене белиот стап не е само помагало, туку можност за избор. Секојдневно се соочувам со предизвици во сообраќајот и нешта кои можеби за некого се несфатливи, но за мене се реалност , вели Беира Салифоска која е воедно и авторка на првиот дипломски труд во Македонија сработен на Брајово писмо.

  • За тие што гледаат е ништо, но за некој човек што не ги знае вештините на белиот стап би било огромен проблем ова го кажувам од мое лично искуство, затоа што многу пати се случува контејнерот да е поместен, да има возило пред него и вие едноставно си го барате си кружите, додека не го најдете контејнерот и за жал ако не ги совладате тие вештини со белиот стап мислам би се затрупале во сопственото ѓубре што навистина не е убаво- Беира Салифоска. 

Белиот стап симболизира достоинствен живот, но и општествена обврска да создадеме градови и институции кои што ќе бидат пристапни, безбедни и пред се хумани, забележа Силјановска Давкова.

За лицата со оштетен вид најважно е да имаат квалитетна обука, пристапна инфраструктура и лесна набавка на белиот стап.

Нина Стефанова

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алиу на панел-дискусија во Гостивар: Ќе бидам првиот што ќе се регистрира како органодарител

Дејан Дејан

Потпишан Договор за воспоставување заеднички гранични премини меѓу Македонија и Албанија

Дејан Дејан

Утре нов протест во Кочани – родителите на 63. загинати ја бараат вистината и правдата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе