Вести Македонија Топ вести

Остануваат уште три дена до изборниот молк пред локалните избори

Остануваат уште три дена до изборниот молк пред изборите што ќе се одржат на 19 октомври. Политичките партии, коалициите и независните кандидати и денеска пред граѓаните ќе продолжуат со претставување  на своите програми и кандидатите за градоначалници за локалните избори кои ќе се одржат на 19 октомври. Денеска се најавени митинзи и директни средби во повеќе општини низ државата. Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има митинзи и средби со граѓани во Пробиштип, во Македонска Каменица, Пехчево, Берово и Делчево.

Коалицијата предводена од СДСМ денеска ќе одржат митинзи во Центар Жупа, во Дебар, во Гостивар и во Маврово Ростуше.

Претставници на Левица денеска ќе остварат средби со граѓани во Радовиш и Струмица, каде ќе ги претставува своите кандидати за носители на осветничките листии останатите советници.

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Гостивар, Висар Адеми денеска на прес-конференција во 10:00 часот ќе ги претстави „Петте Ветувања за Гостивар“ . Во пресрет на изборните процеси, Стопанската комора на Северо-Западна Македонија денеска ќе одржи средба со независниот кандидат за градоначалник на Општина Струга, Менди Ќира. Стопанската комора на Северо-Западна Македонија традиционално одржува средби со политичките субјекти за да ја претстави својата Платформа за локален економски развој пред раководствата на партиите и кандидатите за градоначалници, со цел да ги изложи ставовите и приоритетите на бизнис заедницата.

Кампањата официјално завршува на 17 октомври на полноќ, по што следува изборниот молк пред гласањето на 19 октомври.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алиу на панел-дискусија во Гостивар: Ќе бидам првиот што ќе се регистрира како органодарител

Дејан Дејан

Потпишан Договор за воспоставување заеднички гранични премини меѓу Македонија и Албанија

Дејан Дејан

Утре нов протест во Кочани – родителите на 63. загинати ја бараат вистината и правдата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе