Вести Свет Топ вести

НАТО и ЕУ министрите за одбрана на состанок во Брисел

Министрите за одбрана на НАТО и Европската Унија денеска се состануваат во Брисел на разговори посветени на заканата од Русија, зголемувањето на воените трошоци, развојот на европските одбранбени капацитети и поддршката за Украина. На состанокот ќе присуствува и министерот за одбрана на Македонија Владо Мисајловски.

Ова е прв состанок на министрите од септември, кога НАТО започна нова мисија за подобра заштита на воздушниот простор на источните членки по серијата руски нарушувања на воздушниот простор.

Меѓу темите е и зголемувањето на воените буџети, одобрено во јуни под притисок на САД. Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет ќе присуствува на состанокот.

Украинскиот министер за одбрана Денис Шмигал ќе им се придружи на колегите од НАТО попладне за разговори за ситуацијата на фронтот и потребите на Киев.

По состанокот следува седница на „Контакт групата за одбрана на Украина“ – меѓународен форум кој координира воена помош за Киев и обединува околу 40 држави. Групата, која првично беше предводена од САД, сега ја координираат Велика Британија и Германија.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алиу на панел-дискусија во Гостивар: Ќе бидам првиот што ќе се регистрира како органодарител

Дејан Дејан

Потпишан Договор за воспоставување заеднички гранични премини меѓу Македонија и Албанија

Дејан Дејан

Утре нов протест во Кочани – родителите на 63. загинати ја бараат вистината и правдата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе