Државниот обвинител да се бира и разрешува со дво третинско мнозинство а не како сега со просто мнозинство и да нема можност за реизбор . Ова се дел од клучните препораките во заедничкото мислење на Венецијанската комисија и Генералниот директорат за човекови права и владеење на правото на Советот на Европа за законот за јавно обивнителство. За нив се потребни уставни измени.
- Со оглед на важноста на прашањата за автономија и релативна независност на Јавното обвинителство, Венецијанската комисија препорачува пред сè, во контекст на идна уставна реформа, Уставот да се измени во овие точки, за да не се предвидува можност за повторно назначување на јавниот обвинител и да се обезбеди квалификувано мнозинство во Собранието за негово назначување и разрешување– мислење на Венецијанска комисија и ДГИ.
Се препорачува и меѓу критериумите за јавен обвинител да се вклучат менаџерски и организациски вештини, да се разјасни дека одговорноста на Јавниот обвинител пред Собранието не се протега на поединечни обвинителски одлуки и гонења на Јавното обвинителство, да се бара од владата да достави јасно образложение до Собранието кога отстапува од мислењето на Советот на јавни обвинители за разрешување на јавниот обвинител.
Венецијанска комисија даде позитивно мислење и за овој нацрт закон и за законот за совет на јавни обвинители за кој исто така има 10тина препораки.
Претседателеката на државата смета дека сите закони во нацрт верзија треба да се праќаат на мислење во Венецијанската комисија, каде седат врвни правници, заштитници на владеење на правото
- Информирана сум дека министерот за правда целиот пакет на закони врзан за реформите во судството го пратил на Венецијанска комисија и добил мислења за тоа. Веднаш по завршувањето на локалните избори мора да стигнат законите во Собранието, бидејќи не може да имаме реформи во судскиот систем без да имаме законски промени и мислам дека тоа е еден добар потег, рече претседателката Гордана Силјановска Давкова.
Во мислењето на Венецијанска е потенцирано тоа дека нацрт законот за јавно обивнителство предвидува средствата за Јавното обивнителство во висина од 0.5 процвенти од дрѓавниот буџетот . Во актуелниот закон процент од 0.4 но ниту тие средства до сега не ги добиле во обвинителството
- Новина е што став 1 од член 105 сега предвидува поголема финансиска автономија за обвинителството со тоа што предвидува Јавното обвинителство „независно да го утврдува и управува со буџетот и да одлучува за користењето, распределбата, намената и прераспределбата на средствата – мислење на Венецијанска комисија и ДГИ.
Премиерот претходно најави дека е можно да бидат сменети овие проценти предвидени во законите од реформската агенда . Како дел од причините ги наведува нискиот рејтинг на правосудството но и дека некои судии и обивнители не заслужуваат повиоки плати. Перидов најавува дека по завршување на локалните избори, јавноста ќе види какви чекори ќе преземат. Со два проценти рејтинг треба да си заминат дома, а не да бараат повисоки плати и повисок буџет изјави деновиве Мицкоски.
Елена Ивановска Мукоска
Б.С.
