Полицијата во Македонија интензивно трага по 37-годишна жена од кумановското Липково, откако беше пријавено нејзино исчезнување. Пријавата е доставена преку единствениот повикувачки број за итни повици 112 од полициски службеник. Според информациите на ЦУК трагата и се губи кај село Ваксинце. Од Центарот за управување со кризи информираат дека по барање на полицијата, се активирани дронови кои се вклучени во пребарувањето на теренот… Ова е дополнителна мерка за побрзо и поефикасно пронаоѓање на исчезнатата жена. Според последните информации, потрагата сè уште е во тек, а полицијата ги повикува граѓаните да пријават доколку имаат информации што можат да помогнат во нејзино пронаоѓање.
