Вести Македонија Топ вести

Колку пари, како донации, пријавија учесниците во изборната трка на 11-от ден од кампањата?

Владеачката ВМРО-ДПМНЕ е најбогата со донации, барем ако се гледаат првите 10 денови од кампањата за локалните избори. Вкупно 1.270 донатори собрале 423.000 евра или во просек секој дал по 333 евра за кандидатите за градоначалници и советничките листи на партијата да се промовираат пред јавноста.

Наспроти владеачката партија, најголемата опозициска партија СДСМ доставила извештај за собрани скоро 7.000 евра. Има околу 20-тина донатори меѓу кои се членови на семејството на поранешниот премиер Зоран Заев и тоа Панче Заев, како и фирмата на неговиот брат, Вице Заев – „Тотал Инжинеринг“.

Левица објавила дека имаат само 92.000 денари донација, а таа е од самата кандидатка за градоначалник за Центар, Марија Среброва.

Од албанскиот блок и ДУИ и коалицијата ВЛЕН имаат извештаи до ДКСК. Коалицијата ВЛЕН добила пари од Алтернатива и тоа 50.000 евра кои се пари кои се префрлени од буџетот на Македонија, а донирало и Демократско движење околу 500 евра. ДУИ Тетово, пак, пријавило донации од ДУИ Скопје вкупно 90.000 денари.

На Сајтот на ДКСК се објавени вкупно 61 извештај и од помалите партии, како и од независните кандидати и листи. Сепак, ова според пресметката на комисијата е дека само 35 проценти од учесниците ја исполниле оваа законска обврска.

„Сите 19 коалиции доставија извештаи за донации, примени се 18 извештаи од политичките партии и 24 извештаи од независни кандидати, поддржани од група избирачи. По истекот на рокот, доставени се уште 2 извештаи од политички партии“, соопштија од ДКСК, 

Инаку на овие избори учествуваат 309 кандидати за градоначалници и 576 кандидатски листи. На изборите учествуваат 22 партии, 19 коалиции и 119 групи на избирачи, односно независни кандидатури. Сите имаат обврска да ги пријават донациите и на крај од изборниот процес за да се утврди дали се финансирале законски.

Билјана Николовска Тодорова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Потпишан Договор за воспоставување заеднички гранични премини меѓу Македонија и Албанија

Дејан Дејан

Утре нов протест во Кочани – родителите на 63. загинати ја бараат вистината и правдата

Дејан Дејан

Андоновски: Со „Везилка“ уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе