Венко Крстевски, кандидат за градоначалник на Кочани од Група Избирачи вечерва истакна дека клучен и најважен процес и пред се е одговорност кон семејствата кои имаат најголеми загуби, тоа е процесот на департизација на институциите со цел да се изградат професионални институции кои што ќе бидат сервис на граѓаните.
- За жал повеќе од три децении ние гледаме група партизација на тие институции и самата таа партизација создава нефункционални институции и тие создаваат хаос насекаде. Процесот на департизација е неопходен и аспект на да се растоварат сите наши сограѓани, пред се тие кои членуваат во политичките партии, па и оние кои не членуваат и тоа да не биде приоритет во разговорите во нашето општество која ќе се оди на имендени и родендени, туку да се разговара за идеи и проекти. Кочани има квалитетни луѓе меѓутоа да дојдат до израз тие квалитетни луѓе потребно е да се направи една департизација. Нашата програма е поделена во два дела, првиот дел е општина без кал којшто ќе биде реализиран до 2026 година. Морам да потенцирам дека јас како веде градоначалник потпишав договори во висина од над 500 милиони денари којшто се капитални инвестиции за Општина Кочани, дел се реализираат тековно, дел ќе се реализираат до 2026 година ќе се реализираат, а вториот дел од програмата ни е за сите четири години каде што се опфатени сите инфраструктурни капитални проекти, рече Крстевски.
Б.С.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
