Вести Македонија

Христов: Приоритет над приоритетите ќе ми бидат жртвите од дискотеката „Пулс“

Игор Христов, кандидат за градоначалник на Кочани од Коалиција предводена од СДСМ вечерва истакна дека пред да ги каже петте столба со кои што настапуваат на овие избори, приоритет над приоритетите ќе им бидат жртвите од дискотеката „Пулс“ како и сите оние програмски определби барања на семејствата на починатите.

  • Сметам дека сите треба да бидеме хумани, да бидеме солидарни и да се издигнеме над самиот проблем. Во однос на програмските определби настапуваме со пет столба: Кочани да биде чист и зелен град, безбеден град, урбан и културен град, Кочани да го вратиме како спортски град и да го развиваме како туристички град. Понатаму програмата опфаќа конкретни проекти. Прво, отворање на детската градинка, второ, решавање на сообраќајниот хаос, потоа проблемот со кучињата скитници, а четврт приоритет ќе ни биде решавање на проблемот со старата касарна, рече Христов.

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

(видео)„Kако ќе се утврди вистината ако не се прикажат доказите“, прашаа родителите на денешниот 46. „Марш на ангелите“ во Кочани

Дејан Дејан

Израелскиот министер Кац со порака доТехеран: Доколку Иран се обиде да го нападне Израел ние ќе возвратиме со голема сила

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе