Вести Економија

Во август исплатени 19,5 милиони евра за автопатите на Коридорите 8 и 10д

Во август годинава државата исплатила 19,5 милиони евра на конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на автопатските делници Тетово–Гостивар, Гостивар–Букојчани и Прилеп–Битола, информира Јавното претпријатие за државни патишта.

Од почетокот на 2025 година, за овие проекти досега се исплатени над 71 милион евра.

Според надзорниот извештај, во август се изведувале геотехнички истражувања, проектирање, уривање на објекти и градежни активности за земјени работи и конструкции.

На терен работат околу 1.200 лица и над 750 машини, а во изградбата учествуваат 60% домашни снабдувачи и 90% подизведувачи.

Се работи на шест мостови, четири надвозници и три подвозници, додека третата делница Требеништа – Ќафасан сè уште не е започната поради ревизија на трасата за заштита на Охридското Езеро.

Проектот, вреден 1,3 милијарди евра, започна на 22 април 2023 година.

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два силни земјотреси со јачина од 7.5 и 7.2 степени ја погодија Венецуела

Дејан Дејан

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе