Вести Економија Најважни

Српски „НИС“ под санкции од САД, Хрватска подготвена да го купи

Стапија на сила американските санкции за „НИС“ – српската нафтена индустрија откако истекоа сите рокови за повлекување на руски „Газпром Нефт“ од сопственичката структура. Српската Влада уверува дека се обезбедени залихи на бензин, дизел и нафта за наредните неколку месеци, но без решение од каде би се увезувало. Хрватската компанија „ЈАНАФ“ – јадрански нафтовод кој престана да работи со НИС ќе загуби 18 милиони евра до крајот на годинава па затоа Хрватска се понуди да влезе во сопственичкиот пакет на „НИС“.

Последиците ќе бидат многукратни соопшти српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој нагласи дека деривати во залиха има до крајот на годинава и ги замоли руските сопственици во НИС да размислат за последиците врз граѓаните во Србија и да преговараат со САД.

  • „Ова се лоши вести за нашата земја. Овие вести се многукратно лоши за Србија. Не е деловно прашање на една компанија. Ова се исклучително сериозни последици за нашата земја, политички, социјално и во секоја смисла. Ова е нешто што ќе влијае на секој граѓанин. Затоа мора да бидеме обединети, обединети и да ги најдеме најдобрите можни решенија“ – Александар Вучиќ, претседател на Р.Србија.

НИС е најголема енергетска компанија во Србија, контролира повеќе од 80 отсто од пазарот на нафтени деривати, со единствена рафинерија во Панчево и преработува сурова нафта што во најголем дел доаѓа од Русија, преку Хрватска или Унгарија.

Од „НИС“ преку мобилна апликација ги известија граѓаните дека е можно кредитните картички на Виза“, „Мастеркард“ и „Американ Експрес“ да не функционираат на терминалите на бензинските пумпи и затоа ќе мора да се плаќа во кеш или со домашни платежни картички.

  • Компанијата има обезбедено доволни количини нафтени производи и сурова нафта, и нема потреба граѓаните да создаваат залихи. Компанијата вложи напори да обезбеди доволни количини на сурова нафта, што е исклучително важно за нас за понатамошно производство – НИС.

Дали топланите ќе имаат доволно енергенси, дали домашната банка „Поштанска штедилница“ ќе ризикува да биде исто така под санкции ако не може да се плаќа со странски картички се само дел од прашањата кои ги поставува експертската јавност во Србија.

  • „Се плашам што ќе се случи за неколку месеци кога ќе се потрошат резервите, и суровата нафта и дериватите. Бидејќи немаме капацитет да увезуваме толку голема количина бензин, нафта и дизел. Досега добивавме нафта преку Јадранскиот гасовод, таа се преработуваше во Панчево, од каде што се транспортираше со камиони до бензински пумпи, а сега сето тоа ќе мора да се увезе од Унгарија, Бугарија, Романија, Австрија, којзнае каде. Сега немаме капацитет да го увеземе“ – Милан Чулибрк, уредник на неделникот „Радар“.

Хрватска е директно засегната бидејќи голем дел од увозот на нафта за НИС оди преку државната ЈАНАФ  која само до 31 декември ќе загуби 18 милиони евра па затоа хрватскиот министер за економија Анте Шушњар најави дека Хрватска „испружила рака“ и  е подготвена да го купи рускиот удел во НИС.

  • „Моите информации од  „ЈАНАФ“ се дека тие транспортирале сè што било во магацинот во терминалите и цевководот, што значи дека повеќе нема прием на таа нафта и дистрибуција во Србија. Нашата рака е испружена. Ако тоа е решението ние сме подготвени. Ние сме подготвени за таа можност за пред се да го осигуриме континуитетот на работењето на ЈАНАФ, да ги заштитиме интересите и работните операции на ЈАНАФ кои се тесно врзани и веќе 40 години траат со НИС без никакви претензии да завладееме со малопродажниот пазар во Србија. Ние сме подготвени за тоа“ – Анте Шушњар, министер за економија Р.Хрватска.

Една петина од пазарот во Босна и Херцеговина е покриена од рафинеријата на НИС во Панчево така што е очекува реакција и од Босна и Херцеговина.

САД уште во јануари годинава наложи „Гаспром Нефт“ да се повлече од сопственичката структура и во спротивно ги најави санкциите а со цел да се спречи приход за Русија. Србија преговараше со САД и доби неколку одлагања т.н. „вејверс“ се до денес кога и официјално санкциите стапија на сила.

Огнен Чанчаревиќ

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два силни земјотреси со јачина од 7.5 и 7.2 степени ја погодија Венецуела

Дејан Дејан

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе