Вести Македонија Топ вести

Барање за укинување на притворот на Нино Васев, обвинет во случајот „Онкологија“, му се загрозувало правото на одбрана

Предлог за укинување на притворот на Нино Васев, обвинет во двата случаи „Онкологија“, поднела неговата одбрана. Ова го соопшти неговиот адвокат Боби Спирковски по денешното рочиште во Кривичниот суд за финансиските злоупотреби на клиниката. Во случајот, освен Васев, како поранешен медицински директор, обвинет е и организицскиот директор Нехад Нухи. Васев има уште еден процес против него за несовесно лекување на клиниката.

„Вакви два предмета со ваква динамика му се загразува правото на одбрана на човекот. Јас не можам да работам три саати во затвор. Треба да ми дадат соба таму да спијам, особено што сме двајца и оваа работа е исклучително обемна за да одговорите на се она што е поставено како обвинение и доказно средство од обвинителството. Да го укинат притворот и да стават некоја друга поефиксана и посоодветна мерка“, рече Спирковски.

Со сослушување на сведоци предложени од обвинителството продолжи денешното судење. Вработена на шалтер на одделение за малигни тумори на дојка сведочеше дека на сите терапии од условен буџет се потпишувал Васев. Сега на клиниката ваквите терапии се одобруваат од страна на стручен колегиум. Таа одговори и дека не приметила дали терапиите се издавале со зголемена или намалена доза на лекови, бидејќи тоа не бил нејзин домен на работа, туку да стави печати кои се чувале кај нив.

„Во самото обвинение стоеше дека обвинетиот Никола Васев се служел со факсимили на друга докторка Мери Пешева. Сега се покажа дека тоа не е така и дека пракса на клиниката е сите печати и факсимили да се чуваат на едно место за да се намали чекањето по шалтери и службеничката удира печати без оглед кој од лекарите на тоа одделение го дава извештајот“, додаде Спирковски.

Вториот сведок беше надворешен член на Управниот одбор на клиниката кој изјави дека по барање на Васев се носела одлука за набавка на лекови, но Министерството за здравство ги распишувало тендерите. Немале информација за презадолженост на клиниката, но имало допис до ФЗО дека ако не им направат исплата онкологија ќе биде во незавидна финансиска ситуација.

Сведочеше и раководителката на аптеката која кажа дека лековите на реверс од условен буџет се набавувале пред да биде склучен договор со добавувач и да биде завршена јавната набавка. Таа истакна и дека никогаш директно на Васев не му се издавале лекови од аптеката, туку на медицинските сестри. Таа додаде и дека само кога имало недостаок на лекови се набавувале на реверс.

На  почетокот на судењето беше констатирано дека не се исполнети услови за изземање на обвинителката Ана Гоговска Јакимовска и на вештак на обвинителството по барање на одбраната.

Марија Митевска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Потврден случај на „Денга треска“ кај 42-годишен маж од Бангладеш

Дејан Дејан

Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ со анализа за земјотресот во Венецуела – Земјотресите не можат да се предвидат, но последиците можат да се намалат

Дејан Дејан

СДСМ: Две години Тошковски на чело на МВР – Распад на безбедносниот систем, партизација и заштита на криминалци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе