Во текот на септември 2025 година, МВР санкционирало 161 возач поради неправилно вградени фолии на стаклата од возилата. Контролите се спроведувале на територија на целата држава со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.
Од МВР апелираат до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и да не вградуваат фолии што не ги исполнуваат законските стандарди. Според Законот за безбедност во сообраќајот, казната за физички лица изнесува 300 евра, додека правни лица може да се соочат со глоба до 2.000 евра.
Од МВР потсетуваат дека возилата со затемнети стакла мора да исполнуваат пропишани технички услови за да учествуваат во сообраќај.
Т.Д.
