Вести Економија

СБ: Забрзан економски раст во 2025 година – предизвиците на пазарот на труд остануваат

Економијата на Македонија расте, со проектиран раст од 3,1% во 2025 година, поддржан од силни јавни инвестиции и зголемен извоз. Според најновиот извештај на Светска банка за Западен Балкан, растот во првото полугодие од 2025 достигна 3,2%, пред сè поради домашната побарувачка и силната активност во секторите услуги и градежништво. Сепак, јавниот долг останува над 60% од БДП, а дефицитот сè уште ги надминува фискалните правила. Иако среднорочната прогноза е позитивна, со просечен раст од 3% до 2027 година, постојат ризици од слабеење на инвестициите и намалена економска активност кај трговските партнери. Светска банка предупредува и на потребата од поголемо учество на жените и младите на пазарот на труд, преку стекнување на соодветни вештини за новите економски услови. Забавувањето на инфлацијата се очекува да продолжи, со проекција дека до 2027 година ќе падне под 2%. Регионално, извештајот укажува на парадокс: недостиг на работна сила, а сепак висока невработеност и ниска стапка на учество, особено кај жените, младите и постарите. Проекциите покажуваат дека до 2050 година, работоспособната популација би можела да се намали за 20%. За да се обезбеди одржлив раст, се препорачува стратегија за подобри работни места, преку подобрување на продуктивноста, иновациите, дигиталната трансформација и создавање инклузивни и флексибилни можности за работа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два силни земјотреси со јачина од 7.5 и 7.2 степени ја погодија Венецуела

Дејан Дејан

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе