Вести Економија Најважни

Македонската економија ќе стагнира, три години БДП ќе се движи околу 3 отсто, прогнозира Светска банка

И годинава и следните две  растот на македонската економија ќе се движи околу 3 отсто, прогнозира Светка банка.  2025 очекувањата се дека ќе се заврши со раст од 3, 1 отсто. Нешто помал процент од нас ќе оствари Србија и Босна.

Но, овие две држави лани кога земјава беше со најслаба економија, генерираа подобри бројки. Во извештајот на банката пишува дека домашната економија ќе ја движат јавните инвестиции – трошењето на државата и растот на извозот.

Иако, банката ја зголеми прогнозата за земјава, домашните експерти сметаат дека ништо спектакуларно не се случува. Има стабилизација, но велат станува збор за процент околу кој постојано се движиме.

Ако направи три проценти економски раст тогаш не ни се потребни никакви економски политики. Самата економија толку ќе генерира додека опстои. Како што се гледаат работите сега за сега нема некое помрднување на некои специфични проекти каде може да инвестираме и да очекуваме некој економски раст. Ќе биде таа економија која што сме ја имале секогаш, мислам таква нереформирана и да се држи само таа некоја економска активност, изјави економскиот аналитичар Абил Бауш.

Во извештајот се наведува и дека јавниот долг и дефицитот ќе останат над препорачаните граници. Се уште постојат и ризици од слаби инвестиции и помала активност од страна на клучните трговски партнери.

Во однос на целокупната слика за земјите од Западен Балкан, Светска банка предупредува дека ако продолжи иселувањето, во регионот ќе се јави недостиг од околу 200 илјади работници. Процентот на невработеност паѓа, но има сектори каде сериозно недостасува работна сила. Забележуваат дека на работниците од Западен Балкан им требаат вештини, а фирмите да се дигитализираат. Според, Бауш во  11 те проценти невработеност кај нас, генерално има млади луѓе и ако државата не се обиде да ги задржи,  ќе заминат.

Нашите компании не чувствуваат дека дигитализацијата им е пред праг и дека ако сакаат да бидат конкурентни ќе мораат да го преземат тој процес на дигитализација и да вработуваат луѓе и да бидат конкурентни на пазарот. И пак овде ќе кажам дека двигателот треба да биде државата затоа што стратешките цели ги поставува државата, додава Бауш

Владините очекувања пак за домашната економија се далеку подобри од овие на Светска банка. Прогнозите се дека земјава 2025 ќе ја заврши со раст на БДП од 3, 7 отсто.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два силни земјотреси со јачина од 7.5 и 7.2 степени ја погодија Венецуела

Дејан Дејан

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе