Вести Економија Македонија

Четири отсто инфлација во септември и незначително намалување од 0,2 oтсто споредено со лани

Четири отсто инфлација во септември и незначително намалување од 0,2 проценти споредено со август покажаа последните анализи на државниот завод за статистика (ДЗС). Споредено со септември минатата година најголемо поскапување има кај кафето од 30 проценти, овошјето од 18 отсто и маслата, шеќерот и кондиторските проризводи кои сега се продаваат по цени повисоки за 9,5 отсто.

Четири проценти инфлација во септември споредено со истиот месец минатата година измери Државниот завод за статистика (ДЗС). Ова е благо намалување во однос на август годинава кога инфлацијата беше 4,4 проценти.

Ако се анализираат категориите продукти и храна може да се забележи дека во септември споредено до истиот месец минатата година најголемо поскапување има кај кафето од дури 30 проценти но мора да се напомене дека станува збор за берзантски производ. Значително поскапување има на цените на овошјето кое споредено со лани сега се продава за 18 отсто поскапо а трето најголемо поскапување е нотирано кај цените на маслата и мастите и на шеќерот, чоколадата и кондиторските производи кои сега се повисоки за идентични 9,5 отсто.

Според податоците на статистика цената на местото за една година поскапела за 5 отсто, храната за 3,3 отсто и лебот и житариците за 3 отсто. Според статистика, споредено со месец август, падот на инфлацијата за 0,2 проценти се должи на намалувањето на трошоците на животот во транспортот, ресторанските и хотелските услуги, рекреација и култура и облека.

Деталните податоци покажуваат дека зголемување на цените од август во септември годинава имало кај алкохолните пијалаци, тутунот и наркотици, комуникации и мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата.

Граѓаните очекуваа конкретни чекори и мерки од Владата за стабилизирање на цените а премиерот Мицкоски неколку пати кажа дека цените се следат и анализираат и дека се бара долгорочно решение а не како досега краткорочни мерки кои траат по еден, два или три месеци. Растот на инфлацијата од Владата го лоцираа и во покачувањето на платите и пензиите.

ССМ не е на иста линија со Владата и бара зголемување на минималната плата на 500 евра за да може да се амортизира инфлацијата а според последните пресметки минималната синдикална кошничка изнесува 65 илјади денари што е далеку повеќе од две минимални плати во Македонија.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два силни земјотреси со јачина од 7.5 и 7.2 степени ја погодија Венецуела

Дејан Дејан

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе