Вести Македонија Најважни

Македонија ѝ понуди помош на Бугарија по катастрофалните поплави

Македонија ѝ понуди помош и поддршка на Бугарија за справување со последиците од катастрофалните поплави кои вчера зафатија делови од државата и во кои животот го загубија четири лица. Бугарскиот претседател Румен Радев, преку социјалната мрежа „Икс“, објави дека имал телефонски разговор со претседателката Гордана Силјановска Давкова во кој таа изразила сочувство за трагично загубените животи и ги понудила македонските капацитети како поддршка во справувањето со последиците.

„Благодарност до претседателката Гордан Сиљановска Давкова за конструктивниот телефонски разговор и изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија, како и за декларираната подготвеност на РСМ да обезбеди поддршка за справување со последиците од невремето“, напиша Румен Радев, претседател на Бугарија, на Икс. 

Бугарските власти соопштија дека доцна синоќа е потврдена и четвртата жртва во катастрофалните поплави. Станува збор за руска државјанка чие тело било пронајдено во нејзината куќа во одморалиштето Елените. Нејзиниот сопруг, руски државјанин, вчера допатувал во Бугарија откако не можел да ја контактира сопругата и веднаш ги известил локалните власти. Телото на неговата 58-годишна сопруга било најдено по урнатини и кал кои ги донел бранот кој го поплави туристичкото место.

Регионот на Бургас вчера беше најпогоден од невремето во кое проценките се дека наврнале околу 400 литри дожд на метар квадратен. Три лица, од кои двајца се спасувачи, ги загубија животите во првиот бран кој ги погоди населениет и туристичките места. Според бугарските медиуми, денеска ситуацијата во пошироката област на Бургас, полека се враќа во нормала, а припадници на армијата го расчистуваат теренот и ја оспособуваат инфраструктурата за да може да се пристапи до најпогоденото место – одморалиштето Елените.

Додека во реонот на Бургас се борат со поплави, северозападните делови на Бугарија беа погодени од обилни врнежи од снег, што предизвикаа прекини во електричната енергија во неколку планински села и затворање на патишта и планинските превои како и блокада на дел од железничкиот сообраќај и оштетувања на енергетската мрежа.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран изврши напади со беспилотни летала врз Бахреин и Кувајт – Трамп се заканува „САД ќе бидат принудени воено да ја завршат работата“

Дејан Дејан

Мајка од струшко ги оставала своите две малолетни деца да спијат во возилото додека била на работа

Дејан Дејан

Врачување на највисоките признанија на Струшките вечери на поезијата на манифестацијата „Мостови“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе