Вести Економија

Нафтата бележи најголем неделен пад од јуни

Цената на нафтата се наоѓа во остар пад, откако на пазарот се појавија стравувања од вишок понуда во пресрет на состанокот на ОПЕК+ за ноемвриското производство.

Суровата нафта „Брент“ се тргува близу 65 долари за барел, што е пад од околу 8% неделно – најголем од крајот на јуни.

Американската „Вест Тексас“ падна под 61 долар. Се очекува на состанокот во недела, ОПЕК+ да донесе одлука за дополнително зголемување на производството, што би можело да доведе до уште поголема понуда.

Организацијата веќе во септември го зголеми производството за 400.000 барели дневно, укинувајќи дел од ограничувањата од 2023 година.

Меѓународната енергетска агенција предупреди дека глобалниот вишок може да достигне рекордни нивоа во 2026 година, особено ако земјите од ОПЕК+ продолжат со зголемување на понудата.

Некои банки предвидуваат пад на цената на „Брент“ и до 50 долари за барел.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два силни земјотреси со јачина од 7.5 и 7.2 степени ја погодија Венецуела

Дејан Дејан

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе