Вести Култура

Лидија Танушевска e добитничка на наградата „Драги“ за најдобар книжевен превод на македонски јазик

Наградата за најдобар книжевен превод на македонски јазик „Драги“ за 2025 година ја доби Лидија Танушевска, за превод од полски јазик на делото „Емпусион“ од авторката Олга Токарчук во издание на „Антолог“. Покрај Лидија Танушевска, меѓу финалистите за наградата беа и преведувачите Ермис Лафазановски, Јасминка Марковска, Калина Малеска и Милан Дамјаноски.

„Особено ми е драго што оваа награда се врзува со Олга Токарчук и сигурна сум дека и Олга Токарчук многу ќе се радува со оваа награда. Ќе ѝ биде соопштено веднаш по ова. Мојот сопруг кој многу го сакаше Драги како професор, бил негов студент ми рече: „Ти знаеш ли што е да добиеш награда по името на Драги Михајловски  ?! Тоа е врв на твојата кариера. “ И навистина е врв“, рече Лидија Танушевска, добитничка на наградата „Драги“ за 2025.

Наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“ беше воспоставена во 2022 година, а првото почесно признание му беше доделено на Драги Михајловски, македонски писател, преведувач, есеист и универзитетски професор. Освен со прозните дела, Михајловски остави трајна трага во македонската култура со преводите на делата од Шекспир, Милтон, Шели, Китс, Блејк, Елиот и Милтон.

„Забележливо е вниманието што преведувачката го посветила на авторскиот стил, ритам и лексика, на тоновите, нијансите и контекстите, трудејќи се автентично да ја вклопи во ткаењето на македонски јазик сложената наративна граѓа на Токарчук, проникната со многубројни рефлексии од филозофијата, психоанализата, општествено-историските процеси и феминизмот. Танушевска преведува мудро и внимателно, водејќи истовремено сметка и за необичноста на оригиналниот текст, но и за чувствителноста на „увото“ на македонскиот читател, кому му овозможува увид во еден комплексен книжевен свет, но истиот му го доближува низ артикулиран, богат, во голема мера очудувачки, а сепак „мазен“ и непречен јазичен тек“, изјави проф. д-р Анастасија Ѓурчинова, член на Комисијата за доделување на наградата.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ДКСК отвори предмет за неправилностите во ИЈЗ: Под лупа набавки, вработувања и трошење јавни пари

Kristina Kuzmanovski

Грција најави можност за привремено суспендирање на ЕЕС на граничните премини поради големите гужви

Kristina Kuzmanovski

Со посредство на САД можна средба Зеленски-Путин?

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе