Вести Култура

Независната сцена во Македонија кубури со простор – почнува првото издание на фестивалот на независни театри „Под 600“

Независната сцена во Македонија кубури со простор за работа. Иста е ситуацијата и во регионот. Затоа првото издание на фестивалот „Под 600“ на кој што до недела ќе се претстават независни театри од Македонија, од Србија и од Црна Гора, а го организира здружението и театар „Штрих“, е планирано да се одржи на различни локации низ Скопје, велат од „Штрих“.

„Има проблем да се најде тој физички простор, каде што може да се твори, да се создава и да живее на некој начин. Но, и по разговорите кои што ги имавме со соработниците на овој проект, сфативме дека и во другите земји од Западен Балкан не е поразлична ситуацијата“, изјави Томислав Давидовски, актер и член на здружението „Штрих“.

Фестивалот има ревијален карактер. Програмата вклучува 12 претстави и перформанси, како и работилници, панел дискусии со регионални уметници и настани за меѓусебно поврзување.

„Ние како млад независен театар свативме дека не сме многу поврзани со колеги од регионот, а тоа токму би било во наш интерес, во наш бенефит . И во бенефит некако сите ние да се знаеме, да комуницираме и да си ги гледаме претставите. Да имаме увид што се случува на регионалната сцена“, истакна Андреа Маркоска, организатор на фестивалот „Под 600“.

Фестивалот започнува во Младинскиот културен центар со изведба на претставата „Снег“, која што по тектот на францускиот драматичар Максанс Фермин ја постави режисерката Зоја Бузалковска.

„„Снег“ претставува една потрага по себе си, една потрага по љубовта, осознавање на апсолутната уметност“, додаде Давидовски.

Покрај „Штрих“, зад иницијативата за фестивалот стојат и театрите „Дах“ од Србија и „Корифеј“ од Црна Гора. А, со цел приближување на независниот театар до граѓаните, влезот за сите содржини е бесплатен.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ДКСК отвори предмет за неправилностите во ИЈЗ: Под лупа набавки, вработувања и трошење јавни пари

Kristina Kuzmanovski

Грција најави можност за привремено суспендирање на ЕЕС на граничните премини поради големите гужви

Kristina Kuzmanovski

Со посредство на САД можна средба Зеленски-Путин?

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе