Вести Економија Топ вести

Мицкоски: Го ослободив бизнисот од политички притисоци

Бизнисот се ослободи од политички притисоци. Со фалби за тоа што е сработено, но и со оптимистички најави за домашната економија, премиерот Мицкоски ги пречека гостите од Стопанската комора на Дубаи во кристалната сала во Владата. Покрај објаснувањата дека забрзано се работи во градежништвото, туризмот, земјоделството, кажа дека главното лежи во создавањето на бизнис амбиент, без политички притисок.

„Тоа ми беше мој прв чекот да ги ослободам бизнисот од надворешните политички притисоци и да им дозволам на растат слободно и тоа е нешто што додава вредност на нашата економија до сега“, изјави премиерот Христијан Мицкоски. 

Откако премиерот Мицкоски заврши со неколку минутниот сублимат на успеси кој содржеше податоци за економијата, растот на БДП, дефицитот, инфлацијата, главниот извршен директор на Стопанската комора на Дубаи, Мохамед Али Рашед Лута ги презентираше бројките од соработката меѓу двете земји, со надеж дека ќе бидат подобри.

„Бизнисите со седиште во Дубаи имаат значаен интерес да ги разберат можностите што ги нуди Северна Македонија затоа со нетпрпение очекуваме да почнеме ангажман со приватниот сектор денес и дека ќе дојдеме до заеднички платформи кои ќе се прикажат многу набрзо“, изјави Мохамед Али Рашед Лута, главниот извршен директор на Стопанската комора на Дубаи.

Настанот во кристалната сала новинарите имаа можност да го проследат преку мониторите во прес центарот на Владата. Новинарските прашања не беа дел од денешната агендата.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Реконструкцијата на Владата во завршна фаза – викендот се очекува нов круг разговори

Sasko Dimovski

Трамп со барање до Конгресот: Одобрете 87 милијарди долари за трошоците од војната со Иран

Sasko Dimovski

(Видео) Власта со закани за затвор, опозицијата со психолошки дијагнози – собраниска седница за пратенички прашања

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе