Денеска напладне пред прилепската Болница настанала тепачка меѓу повеќе лица со дрвени и други предмети.
Полицијата интервенирала, но присутните не постпиле по нивните наредби, по што еден од полицајците испукал неколку истрели во воздух.
Приведени се 13 лица, против кои ќе следуваат пријави, информираше Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
