Спорт Тенис

Алкараз без проблеми до 2.коло, шокантна елиминација на Кијс кај дамите на Ју-Ес Опен

На последниот сезонски тениски грен слем турнир Ју-Ес Опен, Карлос Алкараз без проблеми ја мина првата рунда. Синоќа немаше поголеми изненадувања во машка конкуренција, а кај тенисерките елиминација доживеа една од топ фаворитките.

Алкараз го победи Рајло Опелка во три сета со 6-4, 7-5 и 6-4. Во второто коло шпанскиот тенисер ќе се соочи со Матија Белучи од Италија.

Каспер Руд исто така во три сета беше подобар од Себастијан Офнер, а победа без загубен сет оствари и Холгер Руне противи Ботик ван де Зандшулп. Во второто коло се пласираа и руските тенисери Андреј Рубљов и Каран Хачанов, а од фаворитите проблем немаше ниту Франсес Тиафо, кој триумфираше против Јошихито Нишиока. Место во следната рунда обезбедија и Жоао Фонсека, како и Британците Џек Дрејпер и Камерон Нори.

Кај тенисерките, грен слемот заврши за шестата носителка Медисон Кијс. Една од најголемите домашни фаворитки и освојувачка на Австралија опен сезонава, загуби од Рената Зарауза во три сета со 6-7, 7-6 и 7-5. Петтата фаворитка Мира Андреева ја декласираше Алисија Паркс со 6-0 и 6-1, а Елена Рибакина ја победи Џулиета Пареја исто така во два сета.
Турнирот заврши за Елина Свитолина, која загуби од Ана Бондар, а победија Дарија Касаткина, Елис Мертенс, Марија Сакари, како и Каролина Мухова, која ја елиминираше ветеранката и поранешна шампионка на „Флашинг Медоуз“,  Венус Вилијамс.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе