Ракометарот на Вардар, Милан Лазаревски ќе биде надвор од терените цели три месеци откако го оперираше рамото. Пикерот на „црвено-црните“ подолго време имал болки во десното рамо, сега решил да ја санира повредата пред стартот на новата сезона.
Операцијата била успешно извршена во Загреб, па Лазаревски ќе пропушти голем дел од првата полусезона како во домашното првенство така и во Европската лига.
Се очекува да се врати во ноември и полека да ја крева својата форма, бидејќи е важен дел и од македонската ракометна репрезентација, која во јануари ја очекува настап на Европското првенство 2026.
